петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индискиот Институт за серум бара итно одобрување на вакцината на АстраЗенека

Индискиот Институт за серум бара итно одобрување на вакцината на АстраЗенека

Институтот за серум во Индија, најголемиот светски производител на вакцини, бара итно одобрување на употреба на вакцината на АстраЗенека, изјави денеска извршниот директор на Институтот, Адар Пунавала.

Експиременталната вакцина на АстраЗенека може да се чува на температура од два до осум степени Целзиусови и полесно може да се распредели во Индија, која по САД има најголем број на заразени со Ковид-19.

Барањето на Институтот уследи откако Фајзер во саботата упати слично барање за авторизација на својата вакцина.