Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик, рече надлежниот министер за семејни работи и за социјалните услуги Криста Кијуру, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје биле позитивно тестирани. Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа со летот од Скопје, откако властите дозволија летови од Скопје и од Букурешт.
„Епидемијата е на Балканот“, рече Кијуру додавајќи, дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници доколку можат да бидат подложени на задолжителен тест за коронавирус по нивното пристигнување во Финска. Кијуру рече дека новите правила ќе се применуваат што е можно поскоро, бидејќи биле потребни некои службени одобренија.