петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Италија почнува кампања за четврта доза вакцина за лица над 60 години

Италија почнува кампања за четврта доза вакцина за лица над 60 години

Италија наскоро ќе започне кампања за четвртата доза од вакцината против Ковид-19 за лицата над 60 години, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза, откако е добиено одобрување од здравствените агенции на Европската унија.

Сперанца рече дека Владата веќе им дала зелено светло на 20-те регионални администрации на Италија да започнат кампања за администрирање на четвртата доза од вакцината, по одобрение од Националната медицинска агенција АИФА.

„Сите научни докази… покажуваат дека дополнителната доза на вакцината во голема мера може да ги зашт ти луѓето од хоспитализација, особено изнемоштените и постарите лица”, изјави Сперанца за државната телевизија „РАИ”.

Во Италија овој месец е забележано зголемување на бројот заразени со Ковид-19. Бројот заразени минатата недела за првпат од февруари надмина сто илјадина дневна основа, а се забележува и зголемување на бројот на хоспитализирани лица.