среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијанецот чија мртва сестра го потресе светот поминува низ нов пекол: Никој не дошол на погребот на неговата сестра- ова е причината

Италијанецот чија мртва сестра го потресе светот поминува низ нов пекол: Никој не дошол на погребот на неговата сестра- ова е причината

Италијанскиот актер и фитнес тренер  Лука Франзесел повторно ја шокираше јавноста откако пред неколку денови објави видео од неговата мртва сестра во постела.

Имено Лука објави видео од неговата сестра Тереса која почина во саботата во својот дом од коронавирусот.

Преку видеото тој апелираше некој да дојде во нивниот дом и да ја земе неговата мртва сестра која била умрена веќе со часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luca Franzese (@franzesel1977) on

-Мојата сестра вчера умре поради коронавирусот, а од вчера вечер чекам одговор. Луѓе пропаднавме, Италија на не напушти, рече тој во видеото кое го објави пред неколку дена.

Ден подоцна тој откри дека уште тројца членови од неговото семејство се заразени со коронавирусот.

-Продолжи ноќната мора, вели тој.

Франзесел откри и дека неговата сестра била болна од епилепсија, а од коронавирус е тестирана исклучиво поради тоа што нејзиниот брат инсистирал на тоа.

По стигнување на резултатите целото семејство беше ставено во само изолација, а италијанските медиуми пишуваат и како познат политичар барал гробно место како би го згрижил телото на починатата Тереса.

Откако се прошири видеото на социјалните мрежи работници од погребалното претпријатие го земале телото од нивниот дом, а таа е погребана без присуство на семејството кое е заразено од коронавирусот.