вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијанска медицинска сестра се самоубила бидејќи се плашела дека заразила пациенти со коронавирус

Италијанска медицинска сестра се самоубила бидејќи се плашела дека заразила пациенти со коронавирус

Италијанска медицинска сестра, откако било потврдено дека е заразена со коронавирусот си го одзела животот, затоа што се плашела дека во меѓувреме заразила други пациенти.

Даниела Треци работела на првите линии во кризата со коронавирусот во болница во италијанската покраина Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.

Националната федерација на медицински сестри на Италија ја потврди нејзината смрт, истакнувајќи дека медицинската сестра претрпела „тежок стрес“, затоа што се плашела дека го пренела вирусот на другите додека се обидувала да помогне.

Треци работела на одделението за интензивна нега во болницата Сан Џерардо во Монца, а била ставена во карантин откако добила симптоми на коронавирусот, а потоа била позитивна на тестовите.

-Секој од нас ја избрал оваа професија за добро и за жал, за лошо. Ние сме медицински сестри. Состојбата и стресот на кој се изложени нашите професионалци се пред очите на сите, соопштија од националната федерација на медицински сестри на Италија.