За некои експерти летото ништо нема да смени, додека за други да бидеме смирени. На теориите дека коронавирусот за време на летото ќе ослабее, им се придружи и италијанскиот советник на министерот за здраство.
Имено, советникот на италијанскиот министер за здраство, Валтер Ричард за италијанските медиуми денеска истакна дека топлото време и влажноста можат да го уништат вирусот.
Во интервју за „Ла Штампа“, тој се потпира на една студиа направена на 24 април презентирана од потсекретарот за внатрешна безбедност на Белата Куќа.
Според оваа студија, во затворена просторија на температура од 24 степени и влажност од 20 проценти, вирусот на една површина може да издржи дури 18 часа, додека на 35 степени и 80 проценти влажност, неговата издржливост не може да биде подолга од еден час.
Но, доколку зборуваме за отворен простор, на сонце, односно на температура од 24 степени и исто така влажноста на воздухот биде толку висока, коронавирусот исчезнува за 2 минути.
Тој прифаќа дека ова нема да значи дека ќе исчезне и нема да биде околу нас, туку спротивното, вирусот ќе продолжи да циркулира и ние треба да бидеме многу внимателни, а во тоа помош ќе имаме и од летото.
Тој ги советува Италијанците како треба да се однесуваат за време на укинувањето на ристриктивните мерки, додека ги посетуваат нивните семејства, особено постарите.
Ричард ги советува тие никако не треба да се поздравуваат со близок контакт, носење на маска и држење социјална дистанца,. Штотолку ќе влезете во домот, добро измијте ги рацете, вели тој, притоа додавајќи дека во просторија од 30 квадратни метри не е добро да седат повеќе од 4 лица.
Инаку, за носењето на маската Ричард вели дека таа треба да биде задолжителна во затворени простории, како и онаму каде што нема простор за држење на потребното растојание, додека на отворени места не треба да се носи, но во секој случај маската да се носи со себе.