Саудиска Арабија денеска ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, во време кога во таа земја која е единствена во светото по тоа што не им дозволува на жените да возат, течат подготовките таа забрана да се укине на 24 јуни.
Сепак, „АП“ оценува дека тоа е изненадувачки потег, бидејќи следува во време кога четири саудиски активистки за женските права, кои ја воделе кампањата на жените да им се дозволи да возат, се наоѓаат во затвор.
Десетте споменати жени полагале краток возачки испит, пред да ги добијат дозволите, бидејќи веќе поседувале возачките дозволи од други земји, меѓу кои британска, либанска и канадска дозвола.