сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел именуваше амбасадорка во Турција по договорот за нормализација на односите

Израел именуваше амбасадорка во Турција по договорот за нормализација на односите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Израел во Турција, Ирит Лилијан.

Досега Лилијан беше вршител на работите на Израел во Анкара од јануари 2021 година, и ова претставува голем чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји по четири години.

По победата на Бенјамин Нетанјаху на изборите минатиот месец, тој и Ердоган се договорија „да работат заедно за да создадат нова ера во односите поради почитување на заедничките интереси“.  (МИА)