сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел ја врати мерката, од денеска повторно задолжително носење маска во јавност

Израел ја врати мерката, од денеска повторно задолжително носење маска во јавност

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.

Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новиот коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против Ковид-19.

„Поради зголемувањето на бројот на заразени, Министерството за здравство донесе одлука од денеска напладне маските повторно да бидат задолжителни во затворен простор“, се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.