вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел: Над 11.100 нови случаи на коронавирусот за едно деноноќие

Израел: Над 11.100 нови случаи на коронавирусот за едно деноноќие

Израел регистрираше најголем број на нови случаи на коронавирус за едно деноноќие од почетокот на пандемијата, иако бројот на сериозни случаи продолжи да се намалува во услови на зголемен интензитет на вакцинирање со трета доза, објавија израелските медиуми.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 11.187 новозаразени лица, што е зголемување за 1.755 заразени лица во споредба со претходниот ден. Претходниот рекорд за време на пандемијата беше во понеделникот со 11.140 заразени за 24 часа.

Истовремено, бројот на тешките случаи се намалува трет ден по ред. Вкупно 666 пациенти се во сериозна здравствена состојба, од кои 208 се во критична состојба и 149 на респиратор. Во моментов има 90.058 активни случаи, при што 7,92 проценти од тестовите се позитивни. (МИА)