среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извлечени уште две тела на жртви од несреќата на Дунав

Извлечени уште две тела на жртви од несреќата на Дунав

Од Дунав денеска се извлечени уште две тела, со што бројот на загинати во судирот на туристички брод и крузер во Будимпешта се зголеми на 15 лица.

Од 33 Јужнокорејци кои се наоѓале на бродот, 13 од нив и двајца унгарски членови на екипажот се уште се водат како исчезнати.

По судирот на туристичкиот брод Хаблеани со крузерот беа спасени седум јужнокорејски туристи.

Локалните медиуми јавија дека Хаблеани во наредните денови би можел да биде извлечен од водата со голема дигалка.