четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јулија Тимошенко приклучена на респиратор

Јулија Тимошенко приклучена на респиратор

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која поради зараза со коронавирус е во сериозно лоша здравствена состојба и е приклучена на респиратор и сега нејзината состоја засега е стабилна.

Здравствената состојба на Тимошенко беше критична,температурата не ѝ паѓаше под 39 степени, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.

Нејзината ќерка и зетот исто така се заразени со коронавирус, но тие имаат блага форма на инфекцијата.

Тимошенко (59), која двапати беше премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година, стана прва висока украинска политичарка која се заразила со ковид-19.