вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јужноафриканските истражувачи проучуваат нов вид на коронавирусот кој брзо мутира

Јужноафриканските истражувачи проучуваат нов вид на коронавирусот кој брзо мутира

Нов вид на коронавирус – C.1.2 е пронајден во Јужна Африка и неколку други земји, а научниците стравуваат дека може да биде повеќе заразен од другите и е отпорем на вакцини, според новата студија на Јужноафриканскиот институт за инфективни болести.

Научниците првпат го забележаа овој нов сој во мај оваа година и заклучија дека тој е „наследник“ на сојот C.1, што е невообичаено бидејќи последен пат C.1 бил откриен во јануари оваа година.

Новиот вид, како што истакнаа, „значително мутираше“ во споредба со C.1. Според нив, овој вид на коронавирус напредува во мутација во однос на оригиналниот вирус откриен во Вухан. Првичните истражувања покажуваат дека тој е повеќе вирулентен од кој било претходно откриен вид.

Студијата откри значителен пораст на бројот на геноми C.1.2 во Јужна Африка на месечно ниво, што се зголеми од 0,2 проценти од геномот во мај на 1,6 проценти во јуни и потоа на 2 проценти во јули, слично се зголемува како со постојните бета и делта соеви.

Научниците додаваат дека се потребни подетални анализи за да се разбере точното влијание на мутациите и да се утврди дали новиот вид има „конкурентска предност“ во однос на видот на делта.