Бурата која донесе врнежи од дожд малку им помогна на противпожарните екипи кои се борат против пожарите во американската држава Калифорнија.
Но, ударите од громови предизивикале нови пожари на северот, соопштија локалните власти.
Националната метеоролошка служба информира дека регистрирани се над 1.100 удари од громови меѓу четвртокот вечерта и петокот наутро.
Пожарникарите додале дека токму громовите предизвикале најмалку 17 нови пожари.