четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канадскиот премиер во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на коронавирус

Канадскиот премиер во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на коронавирус

Канадскиот премиер Џастин Трудо се одлучи за самоизолација и работа од дома откако се појави сомнение дека неговата сопруга е заболена од Ковид-19.

Во соопштението од портпаролот на Трудо се посочува дека канадскиот премиер ќе биде во самоизолација се додека неговата сопруга не ги добие резултатите од тестот.

Таа добила симптоми слични на грип откако се вратила од Велика Британија.