четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кандидат за лидер на ЦДУ заразен со коронавирус

Кандидат за лидер на ЦДУ заразен со коронавирус

Еден од кандидатите за претседател на германската Христијанско-демократска партија (ЦДУ), а со тоа и кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, се заразил со коронавирусот.

– Во неделата ми е дијагностициран коронавирус. Добро е што болеста минува со полесни симптоми, изјави 64-годишниот политичар за германската новинска агенција ДПА.

Мерц истакна дека ги откажал сите активности и стриктно се придржува кон препораките на здравствените работници.

Некогашниот шеф на парламентарната група на ЦДУ се смета за еден од кандидатите со најголеми шанси на позицијата претседател на ЦДУ, а со тоа и можен наследник на германската канцеларка Ангела Меркел.