Познатата Миланска катедрала дуомо повторно ќе биде отворена за посетители на 11 февруари, соопшти денеска управата на катедралата.
Катедралата во центарот на Милано е затворена скоро една година, од почетокот на пандемијата.
Во првата фаза, овој симбол на Милано ќе биде отворен од понеделник до петок од 10 до 17 часот, а на посетителите им се препорачува да купуваат билети преку Интернет.