недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста

Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста

Кинеската Национална управа за енергетика планира да воведе „паметна“ технологија во рудниците за јаглен во провинцијата Шанси за да ја подобри безбедноста и да ја намали зачестеноста на несреќите.

Компанијата „Хуавеј“ се здружи со државната индустрија за јаглен во Шанси за да спроведе пилот проект за дигитализација на рудниците за јаглен Хонглиулин и Сјаобаоданг.

Паметните сензори ќе бидат лоцирани во внатрешноста на рудникот, како и на колички и алати, и ќе ја следат концентрацијата на гасот, нивото на поплави и вентилацијата и ќе огласат аларм доколку некој од овие елементи достигне опасни нивоа. Преносот на податоци ќе оди преку 5G мрежата, што ќе овозможи контрола во живо од еден центар.

Тој систем им овозможи на властите во провинцијата Шанси да го намалат бројот на луѓе кои работат под земја за 42 отсто во рудникот Ксиаобаоданг истовремено зголемувајќи го нивото на производство.

Рударите сега работат со помош на роботи кои контролираат опрема, вклучително и ровокопачи кои се користат за собирање јаглен.