понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море – провокација

Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море – провокација

 Кинеското Министерството за одбрана денеска изјави дека е провокација тоа што две американски воени брода поминале блиску острови во Јужното Кинеско Море за кои Пекинг тврди дека и припаѓаат на Кина. 

– Со оваа акција на САД, сериозно се нарушува суверенитетот на Кина, бидејќи воените бродови влегоа во кинеските територијални води без дозвола, се вели во соопштението.

Кинески бродови и авион беа испратени да ги предупредат бродовите на САД да ја напуштат територијата.

Неименувано американско официјално лице претходно изјави дека разорувачот опремен со ракети „Хигинс” и крстосувачот опремен со проектили „Антиетам“, стигнале на 12 наутички милји од Параселските острови, за кои Кина има територијални спорови со своите соседи.

– Воени бродови на САД извршиле маневарски операции во близина на остроите Три, Линколн, Тритон и Вуди , изјави едно службено лице.

МИА