петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот коронавирус

Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот коронавирус

Пекинг, 19 април 2020 (МИА) – Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата.

– Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија.

– Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци, потенцира директорот на таа установа.

Институот има една лабораторија П4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.