Кинескиот претседател Си Џипинг му издаде наредба на Народно ослободителната армија веднаш да тргне во акција.
Медицинските тимови под целосна опрема веднаш тргна кон транспортните авиони, а некои лекари веќе и пристигна во Вухан.
A Chinese army (PLA) medical team has departed from Shanghai going to Wuhan to help deal with the outbreak of the Coronavirus #China #Wuhan #Coronavirus pic.twitter.com/ErTO4Vz3A5
— CNW (@ConflictsW) January 24, 2020
Инаку, поради ширењето на коронавирусот во кинескиот град Вухан, на вториот ден од карантинот, во пресрет на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците и шопинг центрите се празни, а граѓаните со часови чекаат за преглед во болниците.
Во градот со 11 милиони жители затворени се железничките и метро станиците, како и аеродромот, додека патиштата не се целосно затворени. Полицијата ги проверува возилата кои влегуваат и излегуваат од градот.
Продавниците се испразнети, поради обемното снабдување со намирници кои луѓето ги набавуваат во случај на продолжена изолација.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, болниците се претрупани со пациенти, кои доаѓаат со маски на лицето, а медицинските лица се во заштитни одела.
Во пресрет на кинеската Нова година, сообраќајот е прекинат во најмалку 10 градови со популација од 33 милиони луѓе – Вухан, каде што е откриен вирусот и девет соседни градови во кинеската провинција Хубеи.
Од коронавирусот досега починаа 26 луѓе, а заразени се повеќе од 800.
Во училиштата е продолжен зимскиот распуст, а Министерството за образование забрани јавни собири или испити.