среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кинеските научници подготвуваат вакцина против делта сојот на коронавирусот

Кинеските научници подготвуваат вакцина против делта сојот на коронавирусот

Неколку кинески производители на вакцини против коронавирусот соопштија дека изолирале високо заразна варијанта на делта сојот на вирусот и се подготвени да развијат вакцини за овој нов вид, што веќе се прошири во повеќе од 130 земји и региони од светот, јави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).

Компанијата „Шенжен Кангтаи Биолоџикал Продакт“, со седиште во провинцијата Гуангдонг, соопшти дека изолирала неколку делта соеви во рамките на својата истражувачка програма чија цел е да создаде нова верзија на инактивираната вакцина, која посебно ќе ја таргетира оваа варијанта.

Интерактивната вакцина од првата генерација на оваа компанија во мај беше одобрена за итна употреба во Кина.

Лабораториските тестови покажуваат дека таа може да создаде добри неутрализирачки ефекти и да обезбеди заштита од новите варијанти, додава ЦМГ.