Министерството за здравство на Австрија издаде уредба со која се регулира примената на Законот за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирус, според која, покрај вакцината одобрена од ЕМА, се признаваат и двете кинески вакцини и индиската. Руската „Спутник“ не е на овој список.
Од саботата во Австрија е на сила обврската за вакцинација против коронавирус, а во првата фаза која ќе биде до средината на март нема да има казнувања, туку само информирање на граѓанте за нивната обврска.
Полицијата од март ќе спроведува контроли и ќе поднесува пријави. Казните ќе се движат до 600 евра, а во случај на жалба или неплаќање може да достигнат и 3.600 евра.
Задолжителната вакцинација важи за сите полнолетни граѓани кои се пријавени во Австрија.
Со Уредбата се прифаќаат вакцините одобрени од ЕМА (Модерна, Фајзер, Џонсон и Џонсон, Астра Зенека и Новавакс), кинеските Синофарм и Синовак и индиските вакцини. Единствена непризната е руската вакцина „Спутник“.