среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Конте: Правиме сè за да избегнеме карантин

Конте: Правиме сè за да избегнеме карантин

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека карантинот не е прв избор на неговата Влада, бидејќи тоа ќе има сериозни економски последици за земјата и ќе значи дека Владата нема стратегија за излез од кризата.

Во интервју за весникот „Ла Стампа“, премиерот Конте рече дека Владата е свесна дека ситуацијата е тешка, а понекогаш и критична, дека тие знаат дека болниците се под голем притисок, но дека сè уште прават се за да избегнат целосно затворање.

– Очекувам дека резултатите од последните мерки на Владата ќе бидат видливи во наредните денови и дека кривата на заразата ќе се забави, рече премиерот Конте.

Тој ги повика граѓаните на трпеливост, да се придржуваат до мерките за заштита и потврди дека Владата работи на нов пакет мерки за економски најзагрозените од пандемијата.