сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковид рекордер: 14 месеци е позитивен на коронавирус, направил 78 тестови, а поради ОВА му е најтешко!

Ковид рекордер: 14 месеци е позитивен на коронавирус, направил 78 тестови, а поради ОВА му е најтешко!

Маж од Турција е позитивен на коронавирус веќе 14 месеци, од кои дури девет поминал во болница.

Музафер Кајасан од Турција 14 месеци е позитивен на коронавирус, поради што вкупно девет месеци помина во болница, а пет дома, во изолација. Досега има направено 78 тестови за ковид и секој пат резултатите биле позитивни.

Овој човек, кој дефинитивно е своевиден рекордер меѓу пациентите со Ковид, инаку боледува од леукемија. Првпат му беше дијагностицирана короната во ноември 2020-та година, кога беше примен во болница. Тој беше пуштен дома по две недели, но тоа, како што се докажа, беше само почеток на неговата голгота.

Според турските мерки, самоизолацијата се прекинува по две недели само доколку тестот за корона е негативен. Сепак, сите 78 тестови кои Кајасан ги направи досега покажаа дека тој е се уште позитивен.

Музафер апелираше до властите да најдат решение за неговата ситуација поради која деновите ги поминува сам дома, а децата и внуците ги гледа само низ прозорец.

Лекарите кои ја следат неговата состојба велат дека тестовите за корона уште се позитивни бидејќи неговата леукемија го ослабела неговиот имунолошки систем. Додаваат дека преживеал благодарение на лековите кои му ги давале за зајакнување на имунитетот.

“Немам никаков проблем освен што не можам да ги гушнам моите сакани. Тоа ми е најтешко. Не можам ни да се вакцинирам поради мојата состојба”, рекол несреќниот човек.