Британската кралица Елизабета Втора (95) ќе го пропушти планираниот онлајн ангажман, бидејќи се уште има благи симптоми слични на настинка откако и беше потврдено присуство на коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на Бакингемската палата.
Бакингемската палата во неделата потврди дека кралицата има поблаги симптоми на коронавирус, слични на обичната настинка и дека ќе продолжи да ги извршува „полесните обврски“.
Таа вчера испрати порака со сочувство до Бразил и рече дека е длабоко ожалостена поради неодамнешните големи поплави кои ја погодија таа држава.