петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лекарите открија зошто дебелината го зголемува ризикот кај заболените од коронавирус

Лекарите открија зошто дебелината го зголемува ризикот кај заболените од коронавирус

Лекарите предупредуваат дека дебелите луѓе имаат поголема веројатност да заболат од коронавирус. Според студијата спроведена од Националниот здравствен сервис во Велика Британија, повеќе од 60 отсто од пациентите кои се на интензивна нега поради ковид-19 се дебели или се квалификувани како морбидно дебели.

Студијата ја спровеле Националниот центар за ревизија и Центарот за истражување на Велика Британија.

Тие ги опфатиле сите случаи кои се наоѓале на интензивна нега од појавувањето на коронавирусот во Велика Британија па ѐ до минатиот четврток.

Во тој момент, имало 194 пациенти на интензивна нега заради коронавирусот, а една третина биле пациенти под 60 години, што покажува дека и помладите луѓе се, всушност, изложени на ризик.

Повеќето пациенти од интензивна нега биле мажи (71 отсто), а дури 64 отсто припаѓале на групата дебели луѓе, додека 7 отсто припаѓале на морбидно дебелите.

Претходните студии веќе докажаа дека се дебелите луѓе се во поголем ризик од развивање на компликации кои настануваат поради делувањето некои инфекции или грип.

Лекарите велат дека постојат многу причини зошто дебелите луѓе ќе можат полесно да го закачат вирусот од другите.

Дебелината влијае на нашиот имунолошки систем и ги зголемува воспалителните процеси, што значи дека имунитетот тешко ќе се бори во исто време и против коронавирусот.

Пациентите со вишок килограми имаат поголема тежина на дијафрагмата, поголем притисок врз белите дробови, што го отежнува дишењето и недостатокот на кислородот.