Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји.
Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.
„Нема да штедиме напори за да обезбедиме сите луѓе да имаат еднаков пристап до вакцините“, велат лидерите на Г20 во нацрт-документот.