понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лос Анџелес: Ресторани, фризери и спортски натпревари само за вакцинирани

Лос Анџелес: Ресторани, фризери и спортски натпревари само за вакцинирани

Градскиот совет на Лос Анџелес гласаше со 11 наспроти два за да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми.

Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација.

Негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, при влегувањето во тие места, ќе биде потребен за лица со верски или медицински исклучоци за вакцинација.

Вториот најнаселен град во САД доживеа огромен скок на инфекции и хоспитализации минатата зима. Градоначалникот Ерик Гарсети се очекува да го потпише документот, по што ќе стапи во сила. Околу 78 проценти од 10 милиони луѓе во округот примиле барем една доза од вакцината, а 69 проценти се целосно вакцинирани.