петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макао поради Ковид-19 ги затвора речиси сите трговски и индустриски капацитети

Макао поради Ковид-19 ги затвора речиси сите трговски и индустриски капацитети

Властите на кинескиот специјален административен регион Макао одлучија од денеска да ги затворат речиси сите трговски и индустриски капацитети на седум дена поради ширење на Ковид-19.

Макао ќе ги затвори и своите светски познати казина.

Отворени ќе бидат само основните објекти, супермаркети, аптеки и хотели.

Одлуката е донесена вчера во Макао беше регистриран 71 случај на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1.374 од средината на јуни.

Во Макао 17.000 луѓе се во карантин.

Повеќе од 90 отсто од жителите на Макао се вакцинирани против Ковид-19.