сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МАКЕДОНСКИТЕ ТЕНКОВИ ВО ПЛАМЕН – руската војска уништила цел украински баталјон со тенкови кои беа донација од нашата земја! (ВИДЕО)

МАКЕДОНСКИТЕ ТЕНКОВИ ВО ПЛАМЕН – руската војска уништила цел украински баталјон со тенкови кои беа донација од нашата земја! (ВИДЕО)

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.

РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ стигнаа од Македонија и Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

Исто така, на снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извиднички возила БРДМ, исто така во пламен.

Словенија на Украина ѝ даде 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат од Германија доби воена опрема, вклучувајќи 40 камиони.

„Словенија и Германија на тој начин ја поддржуваат Украина“, наведе тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, иако не е прецизирано за колкав број станува збор.

Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.