понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Маските и дистанцирањето поради Ковид-19 ќе траат со години“: Мрачни предвидувања на британски експерт

„Маските и дистанцирањето поради Ковид-19 ќе траат со години“: Мрачни предвидувања на британски експерт

Главниот британски епидемиолог изјави дека мерките против коронавирусот, како што се носење маски и социјално дистанцирање, „може да траат со години“, пренесуваат локалните медиуми.

Мери Ремзи, која е одговорна за водење на процесот на имунизација на населението против Kовид-19 на ниво на земја, рече дека „луѓето се навикнати на ограничувања на пониско ниво и дека луѓето можат да живеат со нив, а економијата може да продолжи со норми што не се толку строги”.

Ремзи предупреди дека Владите мора да бидат многу внимателни пред да бидат укинати какви било мерки. Таа се осврна и на организирање настани со голем број луѓе, велејќи дека тоа бара внимателен надзор и јасни упатства за луѓето да бидат безбедни.

– Мислам дека сигурно ќе бидат потребни години, барем додека луѓето во другите делови на светот не се вакцинираат во иста мера како и кај нас.
„Кога бројките ќе паднат насекаде, тогаш ќе можеме полека да се вратиме во нормала“, рече таа за Би-Би-Си, како што објави Индипендент.

Според локалните медиуми, половина од возрасната популација во Обединетото Кралство ја примила првата доза на вакцина за коронавирус, а во петокот, таа земја постигнала рекорд – 711.156 лица биле вакцинирани на територијата на таа земја за еден ден.