петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Место свадба, подготвуваат погреб: Србинката убиена во Чикаго одбројувала денови до венчавката

Место свадба, подготвуваат погреб: Србинката убиена во Чикаго одбројувала денови до венчавката

Дејна Лес е меѓу четворицата загинати во пукањето во чикашката болница Месри. Лес планирала венчавка во Српската православна црква со 500 гости во Индијана.

Со само 25 години Дејна Лес, единственото дете на нејзините родители, после завршениот докторат, се запослила како фармацевт во болницата Месри, се свршила и планирала венчавка, додека со свршеникот уживала во патувања, музика и спорт. Сето тоа го прекинал куршумот кој, како што само судбината знае да изрежира, додека излегувала од болничкиот лифт, го испукал полудениот поранешен свршеник на нејзина колешка.

Дејна Лес починала несвесна дека напаѓачот Хуан Лопез (32) претходно ја усмртил Тамара Онил(38), лут што ја раскинала свршувачката, и полицаецот Семјуел Хименез, татко на три деца, пред и него да го ститне куршумот. На денот кога загинала, Дејна на социјалните мрежи напишала: Уште 192 дена!Одбројувањето до нејзината свадба на 1 јуни во Индијана со 500 гости, во вторникот е прекинато.