четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Многу важна порака од првиот човек на СЗО: „Не паничете“ (ВИДЕО)

Многу важна порака од првиот човек на СЗО: „Не паничете“ (ВИДЕО)

Тедрос Гебреисус објави дека некои земји, дури и оние во ЕУ, ја запираат вакцинацијата против коронавирус со вакцината Астразенека.

Тој рече дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу формирањето на тромби и вакцината АстраЗенека и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа.

– Не сакаме луѓето да паничат, рече Соумија Свамината, главен научник во СЗО, за време на видео-обраќањето, додавајќи дека не постои недвосмислено докажана врска помеѓу тромбофилијата и вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

Исто така, советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината АстраЗенека, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија и други земји.

– Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинација против ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат и тоа покажува дека системот за надзор функционира и дека има ефективни контроли, рече Тедрос за време на брифинг на Интернет, пренесува Ројтерс.