Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта, пронајдена во Велика Британија.
Тој тврди дека вакцината е исто толку ефикасна против новата мутација, како што е и против другите постоечки соеви.
– Спутник V во повеќе наврати ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации на С-протеинот, изјави Дмитриев пред новинарите.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посочи дека Русија ги следи најновите информации од британските научници за новата варијанта на коронавирусот.