Компанијата „Royal Caribbean Group“ денеска соопшти дека 48 лица биле позитивни на коронавирусот на бродот за крстарење „Symphony of the Seas“.
Според Ројтерс, во соопштението на компанијата се наведува дека на бродот имало 6.091 гости и членови на екипажот.
Крузерот го заврши еднонеделното крстарење во Мајами во саботата, откако испловел на 11 декември.
Патниците позитивни на коронавирус биле асимптоматски или имале благи симптоми, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека шест патници биле симнати порано за време на крстарењето и биле пренесени дома.
Исто така, соопштено е дека 95 отсто од патниците кои биле на бродот биле целосно вакцинирани, додека 98 отсто од оние кои биле позитивни на коронавирусот исто така биле целосно вакцинирани, наведува Ројтерс.