четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На ОН им требаат две милијарди долари за да им помогнат на посиромашните земји за време на пандемијата

На ОН им требаат две милијарди долари за да им помогнат на посиромашните земји за време на пандемијата

На посиромашните земји им се потребни две милијарди долари меѓународна хуманитарна помош за да се спраат со пандемијата на коронавирусот, изјави координаторот за итната помош при Обединетите нации, Марк Лоукок.

И покрај тоа што развиените земји преземаат скапи мерки за да ги заштитат своите економии од пандемијата, тие ќе имаат корист и ако им помогнат на помалку развиените земји, изјави Лоукок за ДПА од Њујорк, каде беше претставен планот за помош.

Вирусот ќе продолжи да претставува закана за целиот свет, ако не се бориме против него насекаде, предупреди тој.

– Никој не е безбеден сè додека сите не се безбедни, истакна Лоукок.

Тој исто така предупреди дека вирусот има потенцијал да ги дестабилизира државите, што пак може да ја зголеми миграцијата.

– Постои ризик ефектите од вирусот да претворат цели региони во хаос, рече Лоукок.