петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

На секои 30 секунди по еден жител на Париз се заразува со коронавирусот

На секои 30 секунди по еден жител на Париз се заразува со коронавирусот

На секои 30 секунди по еден парижанец се заразува со коронавирусот, а на секои 15 минути пристигнува нов пациент во болниците, изјави денеска министерот за здравство на Франција, Оливие Веран.

Во интервју за радио РТЛ, министерот Веран со оваа изјава индиректно одговори на барањата на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, да се дозволи работа на помали книжарници и други мали продавници со цел да се одржи трговијата и основните социо-економски активности во Париз, кој е во карантин.

Веран оцени дека таквата одлука би била премногу ризична, имајќи го предвид драматичниот бран на ширење на коронавирусот во главниот град на Франција.

– Сакаме да ги спасиме и парижаните и народот на Франција и тоа ќе го сториме со решителност и доследност, рече францускиот министер за здравство.