среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

На сопругата и пратил фотографија од нивниот насмеан син: Неколку минути подоцна направил нешто страшно (ВИДЕО)

На сопругата и пратил фотографија од нивниот насмеан син: Неколку минути подоцна направил нешто страшно (ВИДЕО)

Морничав случај на убиство на 2 годишното момче Дилан Тифин Браун ја потресе Велика Британија, а деталите од злосторството се уште повеќе шокантни- таткото на детето на сопругата и пратил фотографија од Дилан, а неколку минути подоцна го претепал до смрт.

Откако го сликал насмеан во пижами, 31 годишниот Рафаел Кенеди толку го тепал својот син, што малиот имал дури 39 сериозни повреди по телото, утврдено е со обдукција.

Таткото чекал дури два часа пред да повика брза помош, оставајќи го детето да почине во најлоши болки, пишува Дејли мејл.

Момчето во болница во Нортемптон е прогласено мртво. Востановено е дека имал повреди на црниот дроб и фатално внатрешно крварење.

Кенеди како што се слушнало на судот, дознал дека Дилан му е син два месеци пред убиството, со помош на ДНК тест. На суд исто така се дознало дека мајката на момчето, 18 годишната Тајла Тифин неколку минути пред злосторството добила на Снепчет порака од Кенеди- фотографија од малиот Дилан во пижами.

Момцето го тепал момчето и со пиштол, му ги скршил ребрата, па момчето не можело ниту да стане. Лекарите во болница откриле дека бил свесен, но во огромни болки, пред да им подлегне на повредите.

Дилан е роден кога неговата мајка Тајла имала 16 години, а прво се верувало дека нејзиниот татко е тогашниот нејзин партнер, кој се презива Браун.

Неколку недели пред убиството, полицијата кај таткото на Дилан пронашла хероин и крек кокаин.

Дилан за време на престојот кај таткото бил настинат, па мајката често се јавувал. Во кобната ноќ, после фотографијата од синот, од Кенеди добил повик дека детето паднало и се удри. Меѓутоа, Кенеди не дозволил да го слушне.

На испрашувањето во полиција Кенеди и понатаму тврдел дека повредите на детето настанале поради падот, а кажало и дека му било „иритирачки да спие покрај него, затоа што секогаш бил болен“.

Судењето за овој процес продолжува.