Бразилската полиција уапси повеќе од 250 лица во најголемата операција во историјата на земјата против детска порнографија.
-Во операцијата учествувале илјадници полицајци во 24 држави кои спровеле повеќе од 500 налози за апсење на луѓе кои поседуваат или објавуваат детска порнографија, соопшти Министерството за јавна безбедност.
Во тек е анализа на повеќе од еден милион документи кои биле запленети во текот на вчерашната операција.