понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осуммина убиени при напад во училиште во Тексас

Најмалку осуммина убиени при напад во училиште во Тексас

Најмалку осум лица се убиени денеска при напад во средно училиште во градот Санта Фе во американската сојузна држава Тексас.

Како што јави Би-Би-Си, во врска со нападот локалната полиција привела едно лице.

Локалните власти во Санта Фе соопштија дека „има ранети лица при инцидент со активен стелец“ што се случил по почетокот на наставата во училиштето, но полицијата засега не ги потврди информациите за жртви.

Би-Би-Си јави дека не е познато дали напаѓачот бил ученик во училиштето, но Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, наведува дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно вооружен  со сачмарка со скратена цевка.

Оцевидци тврдат дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал.

(Миа)