петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не се фалете на социјалните мрежи дека сте имунизирани, пасошот за вакцинација најбарана фалсификувана „роба“

Не се фалете на социјалните мрежи дека сте имунизирани, пасошот за вакцинација најбарана фалсификувана „роба“

Во Германија во моментов најбарани се пасошите за вакцинација, а се појавуваат се поголем број на фалсификувани документи.

Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека сега пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“. Преку онлајн платформи, може да се дојде до ваков фалсификат.

-Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу двоцифрен и низок троцифрен број, се наведува во соопштението.

Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал.

Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го превземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.