Во изминатите 24 часа во Италија е регистриран рекорден број новозаразени oд коронавирус – 126.888, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.
Во исто време, бројот на починати од коронавирусот е 165, што претставува зголемување во однос на претходниот ден кога починаа 148 лица, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг. Во болниците има 10.866 пациенти, додека на одделите за интензивна нега се примени 134 лица, така што вкупниот број на пациенти на интензивна нега е 1.226.
Во Италија од почетокот на епидемијата починале 137.247 луѓе, што е втор најголем број смртни случаи во Европа по Велика Британија, додека 5,98 милиони луѓе се заразиле.