среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна нега на секои три минути – Франција во драма поради коронавирусот

Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна нега на секои три минути – Франција во драма поради коронавирусот

Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција  поради Ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април.

Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

-Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со Ковид-19 во болниците, изјави тој на брифинг со новинарите.

Кастекс додаде дека нов случај со Ковид се прима во болница на секои 30 секунди и по еден на интензивна нега на секои три минути. (МИА)