Откако на две жени, заразени со коронавирус, им било дозволено да се шетаат, војската на Нов Зеланд ги чува објектите наменети за карантин, а засилени се и контролите на границите.
Нов Зеланд вчера го загуби статусот на корона слободна земја откако на две жини кои допатувале од Велика Британија им било дозволено да го напуштат карантинот за да посетат пријател кој бил на смртна постела, а за кои подоцна било утврдено дека се позитивни на Ковид-19.
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека на заболените лица не смеело да им биде дозволено да го напуштат карантинот.
-Тоа претставува неприфтлива грешка на систеот. Ќе бараме да се врши не едно, туку две тестирања во тие објекти, без исклучок, изјави Ардерн.
Таа се договорила со помошник министерот за одбрана, војската да ги надгледува сите карантини и да раководи со објектите за изолација, вклучително и процесот на пуштање на лицата од истите објекти.