петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новата мутација на коронавирусот предизвикува загриженост кај експертите: Може да му олесни на вирусот да ги заобиколи антителата

Новата мутација на коронавирусот предизвикува загриженост кај експертите: Може да му олесни на вирусот да ги заобиколи антителата

Пандемијата на коронавирусот ги менува животите на луѓето ширум светот повеќе од две години, а за тоа време самиот вирус неколкупати мутираше и доби неколку варијанти со различни имиња.

И покрај колективното чувство дека пандемијата на коронавирусот е завршена, вестите од светот на науката предупредуваат дека играта на надмудрување на Ковид-19 сè уште не е завршена. Моментално доминантните омикронски подваријанти BA.4 и BA.5 можеби не изгледаат позлобни од претходните видови, сепак, најновите научни податоци ја откриваат итрината на нивните мутации.

Научниците велат дека варијантата, наречена BA.2.75, можеби ќе може брзо да се шири и да го заобиколи имунитетот од вакцините и претходните инфекции.

Сè уште не е познато дали оваа варијанта предизвикува потешка болест од другите варијанти на омикрон, вклучително и глобално истакнатата БА.5.

– Сè уште е рано да се извлечат премногу заклучоци, рече Метју Биникер, директор за клиничка вирологија на клиниката Мајо во Рочестер, Минесота.

– Но, се чини дека, особено во Индија, стапките на пренос покажуваат некаков вид на експоненцијално зголемување, додаде тој.

Сепак, Шиши Луо, шеф за заразни болести во Helix, нагласува дека новата мутација е веќе откриена во многу делови од светот, според Yahoo.com.

Последната мутација на коронавирусот е откриена во десет други земји покрај Индија, вклучувајќи ги Австралија, Германија, Обединетото Кралство и Канада.

Загриженоста на експертите е големиот број мутации кои ја одвојуваат оваа нова варијанта од нејзиниот претходник омикрон. Некои од тие мутации се во области поврзани со протеинот „шип“ и може да му овозможат на вирусот поефикасно да се врзува за клетките.

Друга загриженост е дека генетските промени би можеле да му овозможат на вирусот полесно да ги заобиколи минатите антитела, или заштитните протеини што телото ги произведува како одговор на вакцина или инфекција од претходната варијанта.

Како што велат експертите, бустерите и вакцините сè уште се најдобрата одбрана од корона вирусот.