Бројот на починати од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на претходниот ден кога изнесуваше 437, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Во исто време, порастот на новозаразени падна на 2.646 во однос на вчерашната бројка од 3.370.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата на 21 февруари се зголеми на 25.549, што е втор најголем после САД.
Бројот на заразени од коронавирусот изнесува 189.973, што е трет најголем после САД и Шпанија.
Агенцијата за цивилна заштита првпат објави податоци за тоа колку луѓе досега се тестирани, наведувајќи дека се работи за 1,053 милиони Италијанци од 60 милиони жители.