Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 516 нови смртни случаи од Ковид-19, јави дописникот на МИА.
Од почетокот на епидемијата на 1 март, во Франција починале најмалку 21 856 лица. И покрај се уште големиот број на жртви, бројот на пациентите кои се хоспитализирани на интензивна нега продолжува да се намалува петнаесет дена по ред.
Вечерва во француските болници се згрижени 28.219 заразени со Ковид-19, од кои 5.053 се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на интензивна нега.