понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новиот сој на коронавирус се појави во 10 земји! Научниците загрижени поради неверојатниот број на мутации

Новиот сој на коронавирус се појави во 10 земји! Научниците загрижени поради неверојатниот број на мутации

Идентификуван е нов вид на коронавирусот, кој се појави во десет земји во светот. Покрил неколку континенти, но најзастапен е во Индија. Светската здравствена организација сè уште не го нарекува причина за загриженост, а неговото име е кентаур BA.2.75.

Новиот вид корона досега е регистриран во Австралија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Германија, Америка и Обединетото Кралство, но најголем број случаи има во Индија. Податоците се сè уште ограничени додека истражувањето е во тек, но потврдено е дека има повеќе мутации на „шилците“, што може да го направи проблематично, односно поефективно во избегнувањето на имунолошкиот одговор на клетките.

Американскиот лекар Ерик Топол напиша на Твитер дека осум мутации во доменот N може да го направат кентаурот многу повешт во избегнувањето на имунолошкиот одговор на човечкото тело. Ако ова е вистина, кентаурот ќе биде позаразен и полесен за пренос од сојот омикрон.

Молекуларниот биолог Улрик Елинг претходно изјави дека Америка треба да се подготви за бранот што ќе го донесе кентаурот, велејќи дека „не му се допаѓаат мутациите што се забележани досега“.

– Делтата имаше вкупно осум мутации на шилците, додека кентаурот има неверојатни дополнителни осум. Имунитетот на претходните соеви можеби не е доволен за заштита од оваа, напиша тој.

СЗО сепак предупредува дека треба да почекаме дополнителни истражувања кои дефинитивно ќе ја потврдат или негираат поголемата инфективност на новиот вид.

– Премногу е рано да се процени дали новиот вид корона е повешт во избегнувањето на имунолошкиот одговор или дали претставува потешка клиничка слика. Не го знаеме тоа и треба да почекаме додека не дознаеме, рече д-р. Сумуја Сваминатан од СЗО.