понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Oд 4 јули во Велика Британија ќе се отвораат рестораните, пабовите, кината….

Oд 4 јули во Велика Британија ќе се отвораат рестораните, пабовите, кината….

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на британскиот Парламент соопшти дека мерката на задолжителното социјално дистанцирање од два метра од 4 јули ќе се намали на еден метар.

Како што пренесува лондонски „Индипендент“, Џонсон на граѓаните им препорача да останат на два метра растојание секогаш кога е тоа можно, а во спротивно треба да се придржуваат до правилото „еден метар“ и да носат заштитни маски за да се намали можноста од инфекција со коронавирусот.

Премиерот, исто така, потврди дека од 4 јули се отвораат и пабовите, рестораните, кината, хотелите, музеите и галериите. Ова е најзначајното олеснување на мерките од воведувањето на карантинот, на 23 март.

Независни медицински експерти предупредуваат дека стапката на инфекција со коронавирус е се уште премногу висока за вакви мерки за олеснување.